Клиперси спремни да го трејдуваат Вестбрук
Поранешниот кошаркарски стратег Ејвери Џонсон, изјави дека Лос Анџелес Клиперс ќе мора да го разменат Расел Вестбрук откако го донесоа во тимот Џејмс Харден. Во изјавата која тој ја даде за медиумите, вели дека најдобро е Клиперс да се ослободат од Вестбрук, затоа што тој веќе не е среќен во тимот.
„Има неколку ѕвезди на кои не им оди добро, а очигледно Џејмс Харден е еден од нив. Кога ќе го погледнете Џејмс Харден и колку лошо се вклопи во Лос Анџелес Клиперс, станува јасно дека има некаков проблем. Сега од клупата доаѓа и Расел Вестбрук, кој очигледно е незадоволен од ова и клубот не добива ништо со нивното присуство. Мислам дека на крајот ќе мора да го разменат Вестбрук, затоа што на крајот тој нема да биде среќен во овој тим. Можеби ќе се јават во Чикаго и ќе се обидат да го разменат за Зак ЛаВин и да го направат Џејмс Харден постојан стартер“, изјави Џонсон.