Клоп во Удинезе го пронајде наследникот на Вајналдум
Ливерпул го постави името на аргентинскиот играч за врска на Удинезе, Родриго Де Пол, на врвот на приоритетите како потенцијална замена за Вајналдум, доколку Холанѓанецот го напушти „Енфилд“ на лето. „Кориере дело Спорт“ тврди дека договорот на играчот од средниот ред со Ливерпул истекува накрајот на сезоната и Вајналдум може да го напушти клубот како слободен агент. 26-годишниот Де Пол има договор со Удинезе до 30 јуни 2024 година, но „црвените“ се подготвени да инвестираат во него. Проблем за можен трансфер на Аргентинецот на „Енфилд“ може да биде неговата висока цена, бидејќи минатата недела потпретседателот на Удинезе, Стефано Кампоха беше категоричен дека клубот нема да го продаде за помалку од 40 милиони евра.