Клоп го исклучи Ливерпул од трката за титулата

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз во дербито со Арсенал, изјави, дека „црвените“ се отпишани од трката за титулата во Премиер-лигата.
„Имаме проблеми но, мора да продолжиме. Така беше и во претходната сезона. Направивме клучни грешки и примивме лесни голови“, потенцира Германецот.
Ливерпул во наредниот викенд ќе го пречека Манчестер Сити. На врвот во Англија е екипата на Арсенал со 24 бодови пред „граѓаните“ со 23.