Клоп го копира рецептот на Јунајтед?!

Бруно Фернандеш се покажа како вистински погодок во текот на јануарскиот трансфер период минатата година. Португалецот го засили Јунајтед, а малку е да се каже дека Бруно е најважниот играч на „црвените ѓаволи“. По истите стапки би можел да тргне и Ливерпул. Тимот на Клоп не личи на оној тим кој доминираше минатата сезона, англиските медиуми пласираат вести дека триото Салах-Фирмино- Мане ќе доживее промени, односно дека еден од нив би го напуштил Енфилд по крајот на сезоната. Доколку и нема заминувања, очигледно е дека е потребна „свежа крв“ во нападот. Според информациите, Ливерпул стапил во контакт со Спортинг Лисабон, а човекот за кој се зборува е Педро Гонсалвеш. Гонсалвеш пристигна во Лисабон минатото лето од Фамалисао за сума од шест милиони евра. Оваа сезона тој е убедливо најдобар стрелец во лигата, има 14 погодоци во 15 натпревар, дури шест повеќе од вториот најдобар стрелец. Секако, постои и откупна клаузула. Спортинг со Гонсалвеш има договор до 2025. година, а клаузулата изнесува 60 милиони евра!