Клоп го напушта Ливерпул во 2022. година, станува селектор?!

Германскиот весник Билд објави на насловната страна прилог дека Јирген Клоп би можел наскоро да го напушти Ливерпул. Германскиот тренер е на Енфилд од 2015. година, пред две години ја освои европската титула со Ливерпул, а минатата сезона го освои и трофејот во Премиерлигата по цели 30 години. Но, Ливерпул оваа сезона изгледа очајно, нема никакви шанси да ја одбрани титулата, а ќе мора многу да се подобри за да дофати едно од четирите места кои водат во Лигата на шампионите идната сезона. Клоп има договор со клубот до 2024. година, но Билд смета дека тешко е да се очекува дека ќе го одработи договорот до крајот. За таков расплет, Билд дава 30 отсто шанси, а најмногу, дури 68 отсто, дека Клоп идното лето ќе го напушти Ливерпул и ќе стане селектор на германската репрезентација по Светското првенство.