Клоп го носи Артур на позајмица до крајот на сезоната

Ливерпул се чини успеа да најде ново име во средината на теренот. По инсистирањето на Клоп да се обезбеди ново засилување за тимот поради бројните повреди и отсуства, најдоброто што „црвените“ успеаја да го обезбедат е позајмица на Бразилецот Артур Мело од Јувентус.

Според потврдени извори од Ливерпул, во моментов се чека пристигнувањето на Мело за да ги мине лекарските прегледи по што треба да се потпише договорот за позајмица од Јувентус. Во истиот нема да има откупна клаузула, што значи дека по една сезона Мело ќе се врати во Торино.