Клоп го сака Берарди во Ливерпул
Ливерпул размислува да направи понуда за италијанскиот репрезентативец, Доменико Берарди.
26-годишното крило на Сасуоло се гледа како потенцијална замена за Мохамед Салах доколку Египќанецот биде продаден во текот на летово, наведува – „Газета дело Спорт“.
Берарди направи уште една силна сезона во Серија А, запиша 30 натпревари, во кои постигна 17 голови и имаше 8 асистенции. Тој е стандарден стартер во изборот на Роберто Манчини од почетокот на Европското првенство.
