Клоп го сака најдобриот фудбалер на Фламенго

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат англиските медиуми.

„Црвените“ имаат потреба од засилување на средниот ред, каде Клоп има малку алтернативи, па ќе се обидат да го донесат 21-годишниот талент во јануари. Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.

Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените“ сакаат да го доведат во јануари, а неговата цена во моментов е околу 15 милиони евра.