Клоп: Доаѓањето на Рангник во Манчестер Јунајтед е лоша вест за останатите тимови

Пристигнувањето на Ралф Рангник како привремен тренер на екипата од „Олд Трафорд“ го искоментира Јирген Клоп. Клоп вели дека поставувањето на неговиот сонародник за тренер на Јунајтед е лоша вест за останатите екипи во Премиер лигата.
„Малку е необично да коментирам за ова бидејќи Ралф се уште не е потврден како менаџер на Јунајтед, но тој е многу искусен стручњак. За жал, Манчестер добива многу добар тренер. Тој изгради два клуба во Германија (Хофенхајм и РБ Лајпциг) од ништо. Манчестер Јунајтед со него ќе стани многу поорганизиран тим, што не е добра вест за нас“, коментира Клоп.
Од Манчестер Јунајтед се уште не го објавија назначувањето на Рангкник, но се верува дека 63-годишниот Германец е многу блиску до преземање на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.