Клоп за Интер: Прав тим за супер дуел

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп излезе со интерес коментар за исходот од ждрепката во Лигата на шампиони со која тимот од „Енфилд“ за противник во осминафиналето го доби Интер.

Пред неколку дена, Ливерпул во групната фаза од ЛШ играше против градскиот ривал на Интер, екипата на Милан и забележа победа од 2:1 на „Сан  Сиро“.

„Морав да чекам 54 години за прв пат да одам на Сан Сиро, а сега ќе бидам таму два пати за три месеци, така што тоа е добра вест. Дефинитивно ова е тешка ждрепка, Интер е лидер во италијанската лига и во моментот играат одличен фудбал. Ќе видиме како ќе се развиваат работите пред нашата пресметка во февруари. Секако, сите ги знаеме Санчез и Џеко, а Лаутаро Мартинез е еден од највозбудливите напаѓачи во светот. Тренерот Инзаги во првата година успеа да стане шампион на Италија, но таков е начинот на Ливерпул, никогаш не е лесно. Ова е вистински натпревар од Лигата на шампионите, така што се е во ред и со нетрпение го очекувам“, изјави Клоп.