Клоп и Солскјер обединети: Ова е фарса!
Оле Гунар Солскјер и Јирген Клоп се сложуваат дека правилата за заштита од коронавирусот за јужноамериканските играчи е фарса.
Порано оваа недела Фудбалската федерација на Бразил, бараше од ФИФА играчите кои не се приклучиле на репрезентацијата, иако биле повикани, да бидат пет дена суспендирани.
Тоа значи суспензија за играчи на Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити.
Имено, клубовите од Премиер лигата одлучија да им забранат на играчите да одат во земјите кои се на црвената листа поради коронавирусот и по враќањето би морало да одат во самоизолација.
Така на собирот на бразилската репрезентација не заминаа Фред, Алисон, Фабињо, Роберто Фирмино, Габриел Хесус, Тиаго Силва и Рафиња од Лидс.
„Изгубена ситуација. Националните тимови, играчите, клубовите, тоа беше фарса. Навистина. Играчите сакаат да играат, а знаеме каква беше ситуацијата. Правевме се да ги намалиме шансите за ширење на вирусот, а сите одлуки одат против играчите. Тие сакаат да играат за клубовите и репрезентацијата, но не им е дозволено. Разочаран сум. Здравиот памет веќе не е здрав памет“- вели тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
„На крајот, единствено се казнети играчите и клубовите. Немаме ништо со организацијата на овие работи. И на крајот се прашуваме што се случува“– изјави Клоп, додавајќи дека не знае дали неговите играчи ќе бидат суспендирани.