Клоп критичен кон своите по поразот од Грција

Германската репрезентација доживеа домашен пораз од Грција (0:1) во второто коло од Лигата на нациите, а селекторот Јирген Клоп ја презеде одговорноста за неуспехот.
„Можев да прифатам да не го добиеме натпреварот, но немавме право да го загубиме“, изјави Клоп, кој сè уште ја чека првата победа на официјален натпревар како селектор на Германија.
Тој призна дека направил многу промени во составот и дека одговорноста за тоа е целосно негова. Според него, било јасно дека Германија ќе има проблеми против противник кој се брани длабоко и организирано.
Клоп посочи дека неговите избраници не ги контролирале доволно добро топките и дека мора да анализираат зошто механизмите во играта, кои функционирале по паузата, подоцна повторно се нарушиле.
„Заедно сме само една недела. Ако ги извлечеме вистинските заклучоци, останатото е само дополнителна информација“, порача германскиот стратег.