Клоп: Лигата на нации е најсмешното натпреварување на денешницата
Јирген Клоп зборуваше за Лигата на Нации која ги очекува фудбалерите на крајот на актуелната сезона.
На Клоп не му се допаѓа Лигата на Нации како натпреварување и истакна дека би се откажал од паричната награда за пласман во финалето од Лигата на шампионите ако тоа значи дека УЕФА го прекине како што го нарече тој „смешниот“ турнир.
„Додавањето на повеќе натпреварувања во ваков густ распоред секогаш е лоша идеја. Зборував за ова и претходно…Лигата на Нации е една од најсмешните идеи во фудбалот. Во текот на сезоната фудбалерите играат преку 70 натпревари и после завршувањето на сезоната продолжуваат да играат во Лигата на нации за репрезентациите. Јас би се откажал од парите за финалето во Лигата на шампионите ако УЕФА се ослободи од Лигата на Нации“, изјави Клоп.