Клоп: Ми кажаа дека трофеи не се освојуваат со деца!

Трофеите во Карабао Купот најмалку се ценат од цело фудбалско
опкружување на Островот, но Јирген Клоп порача дека денешната
титула освоена на „Вембли“ е најспецијална во целата негова
тренерска кариера.
„Ми рекоа дека не се освојуваат трофеи со деца, но еве ви еден убав
пример. Во цела моја тренерска кариера која трае повеќе од 20години, ова е најпосебниот трофеј кој сум го освоил. Понекогаш ме
прашувате дали сум горд на ова, или она. Посакувам да почувствувате вакво нешто, денеска сум горд апсолутно на се, – изјави Клоп кој за финалето на можеше да смета на Алисон, Арнолд, Собослаи, Жота, Салах и Нуњез.
Кога ги погледнав лицата на младите играчи по мечот, едноставно
можев да создадам приказна која никогаш нема да ја заборавам. Ова
беше како фудбалска приказна за нив, децата од академијата играат
против врвен тим и остварија победа. Ова е посебен трофеј, знаете во
какви околности го пречекавме финалето, а за време на мечот станаа и полоши. Оваа ноќ никогаш нема да ја заборавам, ако некој не го дели моето мислење, тоа е сосема во ред. Ова ќе биде незаборавен спомен за мене“, изјави Клоп.