Клоп остана без уште еден играч до крајот на сезоната

Откако доведе две нови засилувања на последниот ден од трансфер периодот, Јирген Клоп доби нова лоша вест.
Ливерпул го доведе Бен Дејвис од Престон, потврден е и трансферот на турскиот фудбалер Озан Кабак. И двајцата ќе бидат важен дел од одбраната на Ливерпул сезонава, посебно сега кога се знае дека и Жоел Матип е повреден.
Двете нови засилувања на Ливерпул се стопери, се работи за дефицитарна позиција во Ливерпул поради долгорочните повреди на Ван Дајк и Гомез.
Но, не се само тие двајца. Во натпреварот против Тотенхем се повреди и Матип, а Клоп потврди дека ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.
Според некои информации, со оваа повреда Матип можеби и ја заврши неговата епизода во Ливерпул, бидејќи клубот подготвува „подновување“ на одбраната, посебно сега со доведувањата на Дејвис и Кабак.