Клоп пазари во Борусија?
Ливерпул ќе мора да купува ова лето со цел да го прошири тимот и да ги избегне проблемите со кои се соочува оваа сезона. Вистинско чудо е како Клоп успева да „склопи“ екипа, а најнова повреда во низата е онаа на капитенот Џордан Хендерсон. Англичанецот ќе се врати дури во април и ќе пропушти некои важни натпревари, но и репрезентативните обврски.
Германски Билд јавува дека Клоп го има својот „пик“ на играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус.
23-годишниот фудбалер веќе втора сезона по ред прикажува одлични партии во дресот на клубот од Менхенгладбах, кој по оваа сезона ќе остане без Марко Розе. Нојхаус сезонава одигра 31 натпревар, со учинок од по шест голови и асистенции.
Се работи за квалитетен играч кој има договор до 2024. година, па јасно е дека Клоп ќе мора да го „одврзе“ ќесето за да го доведе на Енфилд.