Клоп полека ги враќа повредените за клучниот дел на сезоната

Фудбалерите на Ливерпул влегуваат во завршницата од сезоната како единствен тим од Англија кој може да освои четири трофеи.

Лига купот е веќе освоен, Манчестер Јунајтед им е следен противник во ФА Купот, Спарта Прага е поразена во Лига Европа, а во Премиер лигата ја имаме неизвезна трка во која тука се уште Сити и Арсенал. Јирген Клоп денес објави добри вести во пресрет на клучните битки за трофеи. Мо Салах целосно се опоравил, а наскоро се очекува да се вратат и други важни играчи.

„Многу е важно што целосно го опоравивме Салах. Конечно е подготвен за 90 минути и е во врвна форма“, потврди Клоп.

Позитивна вест е дека Трент Александер-Арнолд се враќа веднаш по репрезентативната пауза, додека во првата половина на април во тимот се очекува да бидат Алисон и Диого Жота.