Клоп се ослободува од двајца свои резервисти

Јирген Клоп им соопштил на двајца фудбалери дека не смета за идната сезона. Како што јавуваат медиумите во Англија, но и Фабрицио Романо, Окслејд Чембрлејн и Наби Кеита веќе биле во потрага по нови клубови, затоа што Клоп не сметал на нив веќе.
Романо е попознат како специјалист за трансфери, а сега ги предвидува овие две заминувања.
Кеита во Ливерпул дојде пред четири години и од него се очекуваше многу, но во клубот од Енфилд не се импресионирани. Неговата вредност е околу 20 милиони евра, но Ливерпул ќе го ослободи на крајот од сезоната како слободен фудбалер.
Чембрлејн дојде од Арсенал, а од доаѓањето во новиот клуб имаше постојани проблеми со повредите и не успеа да блесне на Енфилд.