Клоп спремен за голема ѕвезда: Ливерпул ќе испрати понуда за Осимен

Ливерпул е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. „Црвените“ на барање на менаџерот, Јирген Клоп, сакаат да го ангажираат 24-годишниот Нигериец.
Црномурестиот напаѓач кој имаше блескава сезона и ја освои наградата за најдобар стрелец во Серија А се наоѓа на списокот за трансфери на Манчестер Јунајтед, Челзи, Њукасл, Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.
Познато е дека Наполи за неговиот потпис бара големи 180 милиони евра.