Клоп: Тешко стекнатите победи се највредни
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изрази задоволство од победата во Лигата на шампиони над Атлетико Мадрид со 3:2 и вели дека највредни се триумфите постигнати со не толку добра игра.
Ливерпул брзо поведе со 2:0, по што следеше израмнување од домашниот тим, но пред на крајот средбата Мохамед Салах донесе триумфот со гол од пенал. Драмата беше целосна бидејќи судијата досуди пенал за домаќините, но по интервенцијата на ВАР и прегледување на ситуацијата, ја укина неговата одлука. Антоан Гризман доби црвен картон опасна игра над Фирмино.
„Секако дека беше тежок натпревар. Сепак, воопшто не ми е грижа како победуваме. Највредни се тешките победи. Во ваков натпревар, освојувањето на трите бода беше од големо значење “, рече Германецот.
Клоп, смирено го прифати фактот дека Диего Симеоне не го поздрави по натпреварот.
„Неговите постапки не беа правилни, но во исто време јас целосно го разбирам. Не сакав луто да реагирам кон него, но на крајот сакав да му ја подадам раката, а тој не го стори тоа. Неговата реакција не беше пријатна, но и мојата исто така, двајцата сме емотивни поединци“, изјави Клоп.