Клоп уште верува во пласман на Ливерпул во ЛШ
Јирген Клоп по победата од 2-0 против Саутемптон истакна дека неговиот клуб е се уште во игра за пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвените“ до крајот на првенството ќе имаат натпревари со Манчестер Јунајтед, Барнли, ВБА и Кристал Палас.
„Ако освоиме 12 бодови мислам дека тоа ќе биде доволно да се пласираме во Лигата на шампионите. В четврток ќе играме со Манчестер Јунајтед а нивниот распоред е пренатрупан. Верувам дека ќе мора да направат ротации. На другите мечеви ќе видиме какви амбиции ќе имаат тимовите или дали некој од нив ќе се бори за опстанок. Ние во секој случај мора да одиме на победа“, потенцираше Клоп.