Клоп ја изненади јавноста со својот став за вакцинацијата

Јирген Клоп пред дербито со Манчестер Сити, проговори за задолжителната вакцинација. Германскиот стратег истата ја спореди со возењето во пијана состојба.

„Претпоставувам дека сите сме биле во ситуација да испиеме едно или две пива и да мислиме дека можеме да управуваме со возило, но законот не го дозволува тоа. Иста е ситуацијата со вакцините. Законот е тука да ги штити сите а не само поединци. Не разбирам зошто задолжителната вакцинација е ограничување на слобода. Ако е така, тогаш и забраната за возење во пијана состојба е ограничување на слободата“, изјави Јирген Клоп.