Клубовите бараат две милијарди евра од УЕФА како последица на ковид-кризата

Повеќе од сто клубови во Европа кои се тешко погодени од пандемијата со ковид-19 гледано од финансиски аспект, бараат околу две милијарди евра во вид на помош од УЕФА која најави дека ќе направи „фонд“ се со цел да им помогне .
Тие пари се еден вид кредити за клубовите по најниска каматна стапка за што УЕФА ќе гарантира во институциите и банките.
Европската куќа на фудбалот се определи да го направи фондот се со цел да го спречи формирањето на Суперлигата.