Клубови од Англија и Шпанија ја сакаат младата ѕвезда на Ривер
Играчот на Ривер Плата, Хулијан Алварез може да ја продолжи кариера во Европа. Скаутите на Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Севиља го гледале напаѓачот за време на натпреварот со Колон (4-0). На оваа средба напаѓачот погоди двапати и имаше една асистенција.
Алварез потекнува од школата на Ривер Плата. Договорот на играчот со клубот е со важност до 31 декември 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 20 милиони евра.
Во актуелниот шампионат на Аргентина, напаѓачот настапи на 21 натпревар, постигна 18 гола и 9 асистенции. Алварез е најдобар стрелец во првенството на Аргентина.