Клуб од Филипините е новиот дом на Двајт Хауард
Двајт Хауард откако замина од најсилното кошаркарско првенство не
успева да се врати во Соединетите американски држави и покрај
желбата одново да биде дел тамошниот шампионат.
Првиот пик на драфтот во 2004 година изминатата сезона ја помина
во Тајван каде во прволигашката конкуренција бележеше 23.3 поени,
16.2 скокови и 5.0 асистенции, а според последните информации тој
ќе остане во Азија, но ќе се пресели во Филипини каде ќе настапува
за тимот Стронг Груп кој го очекува настап на интернационален
мини-турнир кој од 19. до 28. јануари ќе се одржи во Дубаи.
Хауард кој во еден момент важеше за еден од подобрите кошаркари,
во НБА лигата настапуваше од 2004 до 2022 година за Орландо,
Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон, Филаделфија и во повеќе
наврати за ЛА Лејкерс со која ја освои и титулата во 2020 година.