Ковид проблемите ги доведуваат во прашање АТП турнирите во Кина
Мастерс турнирот во Шангај и трите други турнири што ќе се одржат во Кина оваа година изгледаат неизвесни доколку ситуацијата во земјата со ковид-19 не се подобри брзо, изјави претседателот на АТП – Андреа Гауденци за Ројтерс.
Кина беше домаќин на Зимските олимписки игри под строги здравствени мерки во февруари, но речиси сите други меѓународни спортски настани во земјата оваа година беа откажани или одложени.
Четирите турнири, вклучувајќи го и Мастерсот во Шангај, се закажани за септември и октомври, а Гауденци рече дека одлуката за нивната судбина ќе биде донесена следниот месец.
„Одлуката ќе биде донесена наскоро. Разговараме за мерките против коронавирусот со нив. Но, мислам дека ако протоколите се премногу строги, веројатно нема да ги натера играчите да летаат таму и да ги стават во карантин. Ситуацијата е доста предизвикувачка во Кина. Не сме донеле одлука, но тоа треба да го направиме следниот месец“, додаде Гауденци.