Ковид-19 го нападна Штутгарт, „швабите“ останаа без ниту еден голман
Штутгарт пријави дури петти фудбалер заразен со ковид-19. Станува збор за голманот Флоријан Милер кој замина во изолација.
Бидејќи неговиот заменик, Фабијан Бредло, беше еден од претходните четворица играчи што беа ставени во карантин, тренерот Пелегрино Матерацо остана без чувар на мрежата за саботното гостување кај Борусија Менхенгладбах).
Кај популаните „шваби“ досега се заболени и: дефанзивецот Валдемар Антон, крилото Ерик Томи и играчот од средниот ред Роберто Масимо.