Ковид-19 го сопре Кимих, Германецот се враќа дури следната година
Џошуа Кимих, нема да игра на преостанатите натпревари на тимот оваа година. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на клубот.
„Мило ми е што мојот карантин поради коронавирусот заврши. Добро сум, но поради мала инфилтрација на белите дробови се уште не можам да тренирам со полна сила. Со нетрпение го очекувам моето целосно враќање на должноста во јануари“ изјави Кимих.
Германскиот фудбалски сојуз неодамна објави дека неименуван фудбалер бил позитивен на тестот за Ковид-19 и веднаш бил ставен во карантин. Тој нема симптоми на болеста и е целосно вакциниран. Четворица други германски репрезентативци кои беа класифицирани како контактирани и покрај негативните тестови исто така беа ставени во карантин. Меѓу нив беа Карим Адејеми, Џамал Мусиала, Серж Гнабри и Џошуа Кимих.