КОВИД-19 повторно прави проблеми за Наполи!
Наполи по кратката зимска пауза се враќа на натпреварите и се среќава со Каљари.
Тој натпревар е на програмата веќе утре, а наполитанците имаат нов случај на зараза со коронавирус во својот клуб. Во случајот, се работи за најскапото летно засилување, Виктор Осимен кој има позитивен резултат на тестирањето.
Раководството на клубот тврди дека нигериецот не беше во контакт со никој од клубот, а поранешниот фудбалер на Лил е надвор од терените уште од средината на ноември. Оваа сезона има одиграно само осум натпревари.
Минатиот пат, Наполи го откажа натпреварот со Јувентус поради два заразени играчи, но овој пат се чини дека нема да имаме таков исход.