Кога Флик ќе си замине, Барса ќе го ангажира Фабрегас

Иако Ханси Флик има договор со Барселона до 2028 година, со можност за продолжување, раководството на каталонскиот гигант веќе активно работи на изнаоѓање на негов наследник. Според шпанските медиуми, прв пик за жешката тренерска позиција на „Ноу Камп“ е поранешниот играч на клубот, Сеск Фабрегас, кој моментално е тренер на Комо.

Како што пренесува „Ас“, Барселона веќе испратила свој претставник во Италија со цел да обезбеди прелиминарен договор со Фабрегас. Алехандро Ечевареја, десна рака на претседателот Жоан Лапорта, бил задолжен да го убеди Фабрегас да даде согласност пред истекот на мандатот на Флик.

Шпанските медиуми шпекулираат дека сите во клубот би биле презадоволни да го видат Фабрегас на клупата, дури и пред Луис Енрике. Особено спортскиот директор Деко е голем поддржувач на Фабрегас и неговата работа во Комо.

Интересот на Барселона е јасен показател за нагорната тренерска кариера на Фабрегас, кој успеа да го одведе Комо од Серија Б до Лигата на шампионите. Сепак, останува отворено прашањето дали поранешниот фудбалер на Арсенал и Челзи веднаш ќе прифати толку голем предизвик како тренер на Барселона, или ќе претпочита да продолжи со својот проект во Италија.