Коди Гакпо е нов играч на Ливерпул
Фудбалскиот репрезентативец на Холандија и играч на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, го договори својот трансфер во Ливерпул.
Како што се наведува во информациите од медиумите, Гакпо се очекува да пристигне во Ливерпул во наредните денови, и да стави потпис на новиот договор. Клубот од Енфилд за ангажман на Холанѓанецот ќе плати обештетување во висина од 42 милиони евра, плус дополнителни бонуси од околу 15 милиони, што претставува рекорден трансфер за ПСВ од Ајндховен.
Претходно постоеа шпекулации дека Гакпо својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, па така оваа информација за негова преселба на Енфилд дојде како изненадување за фудбалскиот свет.