Кока-Кола поради Роналдо загуби милијарди евра! (фото)

Кристијано Роналдо веќе неколку денови е прва медиумска ѕвезда на Европското првенство, а во пресрет на премиерниот натпревар против Унгарија предизвика вистинска бура, кога на прес-конференцијата двете шишиња на спонзорот Кока-Кола ги замени со вода.

Тогаш Роналдо порача: „Пијте вода!“

Потегот на Португалецот за кратко време направи акциите на Кока-Кола да загубат четири милијарди долари!

Берзите во Европа отворија во 15. часот, а тогаш една акција на Кока-Кола вредеше 56.10 долари.

Половина час подоцна, вредноста падна на 55.22 долари. Тоа значи дека за само половина час забележан е пад од 1.6 отсто, што значи дека вредноста на Кока-Кола од 242 милијарди падна на 238 милијарди.

Знаејќи ја аверзијата на Роналдо кон газираните сокови и склоноста кон здрав живот, оваа реакција не е чудна.

Исто така, Роналдо неодамна изјави дека е лут на неговиот 10-годишен син поради Кока-Кола.

„Ме лути бидејќи пие Кока-Кола и Фанта, се расправам со него кога јаде чипс и сето тоа. Дури и моите мали деца ме погледнуваат кога јадат чоколада.“ – рече Роналдо минатата година.