Коке „раситна“ 600 натпревари во дресот на Атлетико
Атлетико ја победи Мајорка со 1-0 во 14. коло од Ла Лига, а она што исто така го одбележа овој натпревар е играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Коке кој беше на теренот во стартниот состав и беше заменет во 63. минута.
Овој натпревар беше 600-ти за играчот од средниот ред за Атлетико во сите натпреварувања. Тој стана првиот играч во историјата на тимот на Атлетико Мадрид кој стигнал до оваа граница, пренесува „Опта Спорт“.
Второто место по бројот на натпревари за Атлетико го зазема Аделардо Родригез (553).
Коке го имаше своето деби за Атлетико Мадрид во 2009 година. Целата кариера ја минува во еден клуб. За тоа време, тој освои осум трофеи: Ла Лига, Лига Европа и Суперкуп на УЕФА по два пати. Уште по еден – Купот и Суперкупот на Шпанија.
Во овој период фудбалерот постигна 47 голови и 113 асистенции. Оваа сезона Коке има две асистенции на 13 натпревари за Атлетико Мадрид.