Колина ги избра судиите за СП во Катар, номинирани и шест жени

Meѓународната фудбалска федерација ФИФА денес избра шест женски судии кои ќе судат на Светското првенство. Ова е историски момент затоа што за првпат жени ќе судат на Светско првенство за мажи.

На списокот од 129 судии, три од шесте жени ќе бидат главни судии на натпреварите, тоа се: Стефанi Фрапар (Франција), Салима Мукасанга (Руанда) и Џошими Јамашита (Јапонија). Избрани се 36 главни судии, 69 помошни и 29 ВАР судии.

Фрапар веќе судеше на фудбалерите во квалификациите за Светското првенство како и во Лигата на шампионите.

„Како и секогаш критериумиот кој беше најважен е – квалитетот. На овој начин сакаме да истакнеме дека за нас не е важен полот туку, квалитетот на судењето“, изјави претседателот на Судиската комисија, Пјерџулиџи Колина.

Помеѓу 69 помошни судии жени се: Нуса Бек (Бразил), Карена Дијас Медина (Мексико) и Кетрин Несбит (САД).