Колина ги објасни рекордните судиски продолженија на СП

На вториот ден од Светското фудбалско првенство во Катар, беа приметни долгите надополнувања на времето од страна на судиите во однос на вообичаените продолжетоци.

Така на натпреварот помеѓу Англија и Иран имаше судиско надополнување во траење од десет минути, а и на другите дуели имаше слични ситуации.

Претседателот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, објасни зошто се воведоа построги примени на мерење на времето.

„Веќе на СП во Русија започнавме со прецизно мерење на дополнителното време, а сега ги известивме сите тимови да не бидат изненадени кога ќе го видат четвртиот судија со висок број на надополнување. Било да се работи за шест, седум или осум минути. Ако сакаме да имаме повеќе активна игра, ќе биде потребно и поголемо надополнување. Кога на ова ќе се додаде и прецизното мерење од ВАР тогаш секој натпревар ќе има точно прецизирана активна игра“, објаснува Колина.