Колку заработува Зидан од една објава на Инстаграм?

Зинедин Зидан е често на мета на критичарите, кои го менуваат од ден во ден,иако има договор со клубот до 2022. година.
Шпанските медиуми минатата недела пишуваа дека Реал веќе ја пронајде замената на крајот на сезоната и дека екипата би можел да ја преземе Алегри. Но, Зидан верува во својата позиција која му гарантира 12 милиони евра по сезона.
Французинот не е ни блиску да биде најплатениот тренер во Европа, па ниту во Шпанија.
Диего Симеоне во Атлетико заработува 22 милиони евра, Клоп во Ливерпул 18, а Гвардиола дури 24 милиони евра во Сити.
Иако не е меѓу најплатените, Зидан заработува по нешто и на страна. Марка објавува дека тренерот на Реал за секоја објава на Инстаграм во која е споменат некои од спонзорите добива дури 200 илјади евра.
Зидан на Инстаграм има околу 28 милиони следбеници, далеку повеќе од било кој друг тренер.