Колку публика ќе биде дозволена на Вимблдон годинава?

Организаторите на тенискиот турнир Вимблдон излегоа со неколку информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Најпрво, Вимблдон е планиран да се одржи од 28. јуни до 11. јули.
Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на Владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни.
„Се надеваме дека 25 отсто е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, вели Сали Болтон, извршен директор на турнирот.
Минатата година натпреварот не се одржа за првпат од 1945. година, а титулите последен пат во 2019-тата ги освоија Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.