Коло Туре заработи отказ од Виган

Англискиот клуб Виган, кој се натпреварува во Чемпионшип, соопшти дека ја прекина соработката со тренерот Коло Туре.

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, е сменет од тренерската функција откако не успеа да забележи ниту една победа во деветте натпревари откога го презеде тимот.

41-годишниот поранешен играч на Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул, при крајот на ноември потпиша тригодишен договор со Виган.

Коло Туре го остава Виган на последното место во англискиот Чемпионшип со освоени 25 бода после 28 одиграни натпревари.