Колумбија без Хамес Родригез на Копа Америка

Хамес Родригез нема да настапи за Колумбија во квалификациите за СП во јуни и за целиот турнир од Копа Америка. Плејмејкерот на Евертон е повреден, но репрезентацијата не ја откри природата на неговата повреда. Тој пропушти неколку натпревари во Англија со болка во мускулот. „Во последниве денови, Хамес Родригез помина неколку медицински тестови и открија дека не е во оптимална форма. Поради оваа причина, Хамес отпадна од списокот на селекторот Рејналдо Руеда”, соопшти фудбалска федерација на Колумбија. Колумбија игра на светски квалификации со Перу и Аргентина на 3 и 8 јуни. Копа Америка започнува на 13 јуни, а Колумбија ја загуби можноста да биде еден од организаторите на ова натпреварување, па сите натпревари ќе се играат во Аргентина.