Кол Палмер сака друг предизвик, најави заминување од Челзи

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, е незадоволен во клубот и би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ на лето, објавија британските медиуми.

Палмер има тешка сезона во Челзи, се бори со формата и повредите, но и со промената на тактиката. Се верува дека тие промени го ограничија неговото влијание на теренот, што придонесе за неговото незадоволство во последните месеци.

Многу европски клубови се заинтересирани за 23-годишниот англиски фудбалер, а Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја следат ситуацијата.

И покрај неизвесноста, Челзи го гледа Палмер како клучен играч во проектот и не сака да го продаде.

Тој има долгорочен договор со Челзи. Во 2023 година, Палмер се пресели од Манчестер Сити во Челзи, за кого одигра 122 натпревари, постигна 53 гола и ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство.