Коман доби дозвола од Дешамп да присуствува на пораѓањето на сопругата

Фудбалерот на Франција, Кингсли Коман, денес доби дозвола од селекторот и од УЕФА да ја напушти базата на „триколорите“ во Париз и да присуствува на пораѓањето на неговата сопруга.

Французите на стартот ја совладаа Германија со 1-0 а утре ги очекува пресметката со Унгарија на стадионот во Будимпешта.

Одлуката за временото отсуство на Коман е донесена во договор со челниците на УЕФА бидејќи репрезентативците се обврзани на строги протоколи поради пандемијата со ковид-19.