Коман од Баерн поради повреда ќе паузира одреден период

Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, за време на тренинг со тимот заработи повреда на тетивата од десната нога.
Клубот од Минхен објавува дека медицинскиот тим ја потврди повредата и дека играчот ќе мора да биде одреден период надвор од терените, без точно прецизирање за должината на отсуството.
Фудбалерот за врска на Баерн оваа сезона беше стартер на секој од последните четири натпревари на екипата.
Баерн во сабота го пречекува тимот на Штутгарт, а во вторник на свој терен во рамките на Лигата на шампионите ќе игра против Барселона.