Коман се опорави од повредата и започна со тренинзи

Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман им се врати на тренинзите со екипата откако ја залечи повредата поради која отсуствуваше три и пол недели.
Коман поради повредата на мускулот од десната нога која ја задоби на тренинг со тимот, го пропушти собирот со репрезентацијата на Франција на средината од септември и не настапи на дуелите во Лигата на нации со Австрија и Данска.
Неговото опоравување и враќање на тренинзите е добра вест за Баерн, но и за репрезентацијата на Франција, седум недели пред почетокот на СП во Катар.