Комо го елиминира Наполи во Купот и закажа полуфинале со Интер

Комо на пенали го победи Наполи и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија, Елиф Елмас го одигра целиот меч и беше прецизен во пенал серијата, натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено 1-1.

Комо дојде во водство во 39. минута со гол на Батурина од пенал. Тоа беше и резултат од првото полувреме.

Но, само што започна вториот дел, Вергара даде гол за 1-1. Тоа беше конечниот резултат.

По последниот судиски свиреж, веднаш се замина кон изведување на пенали.

Беа изведени дури осум серија, Елмас беше прецизен од белата точка, но трагичари беа Лукаку и Лоботка кои ги промашија своите шутеви.

Комо во полуфиналето ќе игра против Интер.