Комо го распарчи Јунајтед, Карик пред тренерска смена

Комо со 4-1 неочекувано го совлада гигантот од Англија, кој целосно се загуби на гостувањето во Италија.

Хитот на сезоната во Италија и во Европа, екипата на Комо го совлада Манчестер Јунајтед во третото коло во Лигата на шампионите со високи и убедливи 4:1. Херој на италијанскиот тим беше Нико Паз, кој постигна два гола, и запиша и една асистенција.

Нико Паз уште во 2. минута го совлада Ламенс, и ја најави победата на италијанскиот тим. Манчестер Јунајтед одигра очајно прво полувреме.

Се очекуваше многу повеќе во вториот дел, меѓутоа Комо дојде до 2:0. Паз додаде до Довикас кој го совлада Ламенс.

Од тој гол целосно се „распадна“ тимот од Манчестер, па Паз во 57. минута се погрижи и за трет гол во мрежата на гостинот. Во 76. минута и Рамон се запиша во листата на стрелците, и така го заокружи дебаклот на англискиот тим. Зиркзе само успеа да намали во првата минута од судиското надополнување.

Со овој пораз веројатно ќе „лета“ од клупата и Мајкл Керик.