Комо по седумдесет години го совлада Јуве во Серија А

Фудбалерите на Комо во рамките од седмото коло во Серија А ја забележаа својата најголема победа оваа сезона откако на свој терен славеа против Јувентус со 2-0.
Комо и без Фабрегас на клупата кој беше суспендиран за овој натпревар изгледаше одлично и во поголем дел о натпреварот беше подобар противник. Резултатот беше отворен во една од првите прилики кога по асистенцијата од Нико Паз погоди Кемп.
Тоа беше единствениот гол во првиот дел. Јувентус имаше обиди, но тешко доаѓаше до посериозна прилика за гол. Победата на Комо ја потври Паз со еден убав гол на десетина минути пред крајот на натпреварот.
За Јувентус ова е четврти натпревар без триумф, откако во претходните три, избраниците на Тудор ремизираа против: Верона, Аталанта и Милан. Комо со освоените три бода се израмни со „старата дама“ на петтата позиција, двете екипи имаат по 12 бодови.