Компани: Баер има адути, но се надевам дека ќе најдеме решенија за нив

Компани се надева дека ќе донесе правилни одлуки за да го одведе својот тим до победа над Баер Леверкузен.
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани се надева дека ќе донесе правилни одлуки за да го одведе својот тим до победа над Баер Леверкузен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, во обид да ја запише првата победа во последните четири средби меѓу двата тима од Бундеслигата оваа сезона.
Компани изјави дека многу ќе зависи од деталите во пресметката помеѓу двете силни екипи. Баерн двапати ремизираше против актуелниот германски шампион, но загуби од тимот на Чаби Алонсо на турнирот во Купот на Германија.
-Ниту јас, ниту Чаби Алонсо не можеме да влијаеме на играта. Двата тима имаат многу индивидуални квалитети кои ќе влијаат на натпреварот. Можете да ги планирате овие дуели колку сакате, но играчите ќе мора да ја завршат работата, изјави Компани на прес-конференцијата пред натпреварот.
Баерн Минхен не го победил Баер Леверкузен во шест натпревари под водство на Алонсо, вклучувајќи ги и сите три оваа сезона.
-Секој од последните три натпревари беше различна приказна. Но, сите беа одиграни до крајни граници, прокоментира Компани.
Тимот предводен од Чаби Алонсо целосно доминираше на последниот меч на 15 февруари, но дуелот заврши без голови. Баерн е на врвот во Бундеслигата со 8 бода предност пред второпласираниот Баер Леверкузен.
-Се надевам дека ќе имаме решенија за квалитетите на Баер Леверкузен утре, не само како тим, туку и индивидуално, да забележиме најдобар можен настап. Двата натпревари дефинитивно играат улога. Знаеме дека утре не е се или ништо бидејќи има два натпревари, но сепак играме дома и тоа значи дека понекогаш може да се случи нешто посебно, додаде тренерот на Баерн Минхен. /