Компани го сака Зинченко во Минхен

Винсент Компани беше назначен за нов тренер на Баерн Минхен и како прво засилување го детектирал украинскиот репрезентативец Олександр Зинченко од Арсенал.

Компани одлично го познава Зинченко бидејќи беа соиграчи во Манчестер Сити и му препорачал на раководството да го доведат на „Алијанц Арена“.

Зинченко е поливалентен фудбалер кој може да игра на неколку позиции, а Компани го гледа како идеална замена за Алфонсо Дејвис на левата бековска позиција.

Зинченко дојде во Арсенал за 35 милиони фунти, па „топџиите“ нема лесно да се откажат од него.