Компани и Анри главни кандидати за нов белгиски селектор

Тиери Анри, Винсент Компани и Филип Клеман се тројцата претенденти за селекторското место во белгиската репрезентација, после заминувањето на Роберто Мартинез. 

Мартинез го објави заминувањето од кормилото на Белгија по вчерашната елиминацуја на „ѓаволите“ во групната фаза од Мундијалот.

Анри беше дел од тренерскиот тим на Мартинес, додека Компани е бивш капитен на репрезентацијата и актуелен тренер на Барнли. Меѓу кандидатите е и Филип Клеман, кој сега работи во Монако.

Мартинес седна на кормилото на Белгија во август 2016 година и под негово раководство репрезентацијата го освои третото место на Светското првенство во 2018 година.