Компани: Мораме итно да најдеме решение за повредата на Кејн

Првиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, може да го пропушти утрешниот меч против Ајнтрахт Франфурт во тековното коло во фудбалската Бундеслига.

Најдобриот стрелец на Баварците не е целосно опоравен од повредата на мускулот на потколеницата добиена на мечот со Селтик во Лигата на шампионите. Тоа го потврди тренерот, Винсент Компани.

„Ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение за утре. Добро е што не зборуваме за три или четири недели туку за краткорочен проблем“, вели Компани.